Што го премисли Марин? Кај Мајчин дом сепак ќе никне деветтокатница

Од:

Актуелниот градоначалник на општина Аеродром, Златко Марин, не го исполни ветувањето од предизборната кампања, започната е изградба на деветкатницата кај Мајчин дом за што во април минатата година пред општинската зграда беа организирани протести за кои главен иницијатор беше самиот Марин.

Тој пред граѓаните велеше дека под итно треба да се стопира целиот процес на изградба со цел зачувување на зелената површина.

Ветувањето на Марин за стопирање на изградбата беше еден од главните адути во трката за градоначалничката позиција со Ивица Коневски. Во тој период, Марин ветуваше дека новата локална власт ќе го реши овој проблем, но по се изгледа ветувањата останаа празни.

Откако граѓаните забележаа дека се започнати градежни активности кај Мајчин дом, Марин на социјалните мрежи се правда на истиот начин како и неговиот претходник велејќи дека парцелата е приватна сопственост и општината не може да превземе ништо во врска со тоа.

– И покрај реакциите и моите лични заложби во април 2017 година парцелата пред Мајчин дом да не стане градежно земјиште, веќе знаете дека ДУП И10 беше донесен од претходното раководство. Парцелата е приватна сопственост и сопственикот има право самостојно да врши истражувања на земјиштето тука. Општина Аеродром се уште нема добиено никакви барања во однос на таа парцела. Во моментов ги разгледуваме сите можни правни механизми за излез од оваа ситуација и наскоро ќе излеземе со повеќе информации за случајот, напиша Марин на Фејсбук.

-Со доаѓањето на новата локална власт ќе најдеме компромисно решение кое ќе биде во интерес на граѓаните и сопственикот на парцелата, изјави минатата година Марин кој како претседател на ОО СДСМ Аеродром беше најгласен за запирање на предвидената градба. Тој го обвини тогашниот градоначалник Коневски дека спорниот ДУП И10 е изгласан кукавички, ненајавено и без дебата.

Покрај другото, Коневски од страна на Марин беше обвинет и дека е дел од „урбаната мафија“ и се грижи само за бизнис интереси, а не за интересите на граѓаните.

– Сопственикот на плацот кај Мајчин Дом, бизнис партнерот на ВМРО ДПМНЕ, Орце Камчев преку фирмата Масив Констракшн, од Ивица Коневски добил маркица за огромна зграда од девет ката. Пред да биде насилно сменет ДУП-от, плацот се водел како неизградено земјиште, без маркица за градба. На неизграденото земјиште Камчев подигнал 3.200.000 евра кредит, обвини тогаш Марин.

Актуелниот градоначалник најави дека ќе има преиспитувње на спорниот ДУП И10, но по се изгледа останува се по старо, планираната деветтокатница ќе никне на зелената површина кај Мајчин дом.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Обид за убиство во Аеродром, двајца насилници раниле познаник

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски