(ВИДЕО) Што е разликата: Романската обвинителка апси актуелни, Зврлевски поранешни фукцинонери

Од:

Шефицата на националната дирекција за борба против корупцијата на Романија, обвинителката Лаура Кодрута-Ковеси кажа дека досега обвинила еден премиер, пет министри, 16 пратеници, 97 градоначалници на денешната конференција насловена „Конференцијата насловена Ефективна борва против корупцијата на високо ниво, прашање на личности или на системи?“.

– Имаме 1.250 лица обвинети за среден и висок степен на корупција, а околу 970 лица до сега се осудени. Имаме обвинети и 83 правни субјекти обвинети за истото дело. Имаме обвинето еден премиер, пет министри, 16 пратеници, 97 градоначалници, 15 претседатели на општински совети и 32 директори на национални компании. За една година баравме притвор и за судија на Уставниот суд, но и за 6 пратеници и двајца сенатори, функционери за кои не може да се одреди притвор без амин на Сенатот. Во последните две години имаме 21 лица од парламентот и Сенатот кои се обвинети и за нив се бара да им се симне имунитетот. Тие беа од различни партии. Лани имаме побарано конфискација на имот вреден 500 милиони евра, рече таа.

Според неа, ова обвинителство е сосема независно, со своја полиција, која не е под ингеренции на романското МВР. Како независен се претстави и јавниот обвинител Марко Зврлевски, кој исто се пофали со многу предмети, но немаше да презентира ниту еден од актуелни фукнционери кои се на власт.

– ОЈО е единствен надлежен орган за борбата против корупцијата. Ние како институција сме неселективни во нашата работа. Јавните обвинители имаат самостојност во својата работа во борбата против корупцијата. Имаме ОЈО и Обвинителство за гоненење на организиран криминал и корупција, институција која е пандан на таа институција со која раководи Кодрута-Ковеси во Романија. Во овие две институции работат признати професионалци. Транспарентноста се менува, нешто што беше мана во минатото. Во 2012 имало 2285 предмети за корупција, а обвинети биле 297 лица, во 2013 година имало 293 обвинети, во 2014 имало 306 лица кои се обвинети. За 2015 уште се прави извештајот. Осудени во просек се 93 отсто од обвинетите. Имаме случај против поранешен премиер, гувернер, директор на царина, директорот на ЕСМ и на низа јавни претпријатија, директори, судии, началници на полиција и други државни службеници. Во сите обвинети има лица од различни партии. Не можеме да работиме ние без докази, а секој кој се огрешил пред законот ќе биде казнет. За нас дури и 5 евра е корупција – нагласи Зврлевски.

Катица Јанева од Специјалното јавно обвинителство на Македонија нагласи дека СЈО има целосна автономија да ги истражува и гони сите кривични дела кои произлегоа од „бомбите“.

– Наша единствена мисија е непристрасно гонење за да ја вратиме довербата на граѓаните во правдата и во правните вредности. Борбата против корупцијата не може да се спроведе без учество на јавноста. Кај нас секојдневно се обраќаат голем број граѓани на кои им се загрозени човековите права и закони од државни институции. Имаме евидентирами 30 предмети против 80 лица, годинава имаме еден предмет против 3 лица. Од почетокот до крајот на првите три месеци успеавме многу. За 10 лица се обвинети за повреда на избирачко право, 37 лица за злоупотреба на функција, 12 лица за повреда на слобода на избирачите, еден за повреда на тајноста на гласањето,3 за злоупотреба на пари за кампања, еден за злоупотреба на лични податоци, двајца за присилба, 6 за неовалстено прислушување, еден за шпионажа, еден за насилство врз насилство врз највискоте функционери, двајца за повреда на рамноправноста на рашаните, тројца за изборна измама, еден за уништување на изборен материјал. Покрај тоа за 10 лица се води постапка за злосторничко здружување. Ние сме директно поврзани со одредени бази на податоци кои се однесуваат како Катастар, МВР, Централен регистар и Агенција за вработување, а во тек е постапка и за преземање на други бази, освен Царината која ни го одби нашето барање. Во остатокот на материјалите кои ги преслушуваме, веднаш ги отфрламе тие што е од приватен карактер. Ќе ги детектираме само тие каде што има криминал, корупција и јавен интерес за Македонија. – нагласи Јанева.

Американскиот амбасадор Џес Бејли истакна дека сите сме свесни за корозивната сила која ја има корупцијата, за која потпретседателот на САД, Џо Бајден, рекол дека таа е рак за едно општество.

– Моќта и алчноста се лоша комбинација која корупмира сè, дури и САД не е имуна на вакви нешта. Корупоцијата е опасна но не толку коклку нејзиното неистражување и казнување. Кога дефензивните нешта не постојат или не работат тогаш тоа е голема закана. Транспарентноста ја открива корупцијата и гради доверба. Со години САД и помага на Македонија за оваа проблематика. Борбата со корупцијата бара многу повеќе, но и храбри и независни медиуми кои ќе можат да кажат за овој проблем. Како граѓани се ослонуваме на новинарите кои известуваат за вакви нешта, а таквата работа бара храброст и интегритет. Поделените медиуми во земјава ја намалуваат таквата перцепција и довербата на граѓаните. Каде не се спроведува законот, таму се појавува корупцијата. Законот мора да се применува и да важи за сите. Казните не смеат да бидат политичка казна. СЈО има тешка работа и треба да истражува. Се надевам дека соработката на институциите со СЈО ќе се подобри. Ние сакаме да успеете во вашата борба против корупцијата – нагласи американскиот амбасадор.

Би можело да ве интересира

Контрола во Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Горан Наумовски

Коцевски: Итно да се работат предметите за кривични дела од областа на корупцијата и од особен јавен интерес

Горан Наумовски

Обвинителство бара притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза за вчерашните инциденти

Горан Наумовски

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители

Обвинителство: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува