Штипските пензионери подготвени за регионалните спортски игри

Од:

Пензионерите од Штип, Струмица, Свети Николе, Ново Село, Радовиш, Конче, Лозово и Карбинци ќе бидат дел од 22. регионални пензионерски спортски игри, кои ќе се одржат во сабота во Штип. Претседателот на Здружението на пензионери за Општините Штип и Карбинци, Александар Захариев на денешната прес-конференција рече дека 348 пензионери од осум општините ќе се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини. Натреварите ќе се одвиваат во штипската гимназија „Славчо Стојменски“ и Градскиот стадион.

– Пензионерите ќе се натреваруваат во вкупно 11 дисциплини, а тоа се пикадо, домино, шах, табла, стрелање, фрлање кошови и давање голови. Останатите спортски дисциплини ќе бидат на Градскиот стадион, вели Захариев.

Тој истакна дека како домаќини се подготвени за регионалните пензионерски спортски игри. Покровител на игрите е градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев. Победниците на овие регионални пензионерски игри ќе се натреваруваат и на државните пензионерски спортски игри кои ќе се одржат во Кочани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите

Владата донесе одлука: Ќе има покачување на пензиите

Горан Наумовски

Пензионерски кредит до 60.000 МКД за 10 минути!

Седница на ИО: СДСМ против зголемување на старосната граница за пензионирање, нема да ги поддржиме интерпелациите од ДУИ

Левица: Фискален совет предлага покачување на старосната граница за пензија на 67 години

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари