А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Штипскиот Универзитет дел од проект за развој на соработката со приватниот сектор

by А1он10/04/2017 - 15:44149
Share0

Професори од Факултетот за информатика и Природно-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип денеска беа дел од европскиот твининг проект „Развивање на соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“, кој се спроведува во рамки на Министерството за образование и наука.

Добивај вести на вибер

Деканот на Инжинерскиот институт во Париз, Пјер Блажевиќ истакна дека денеска на своите колеги од Штипскиот универзитет им го пренесува искуството што го имаат со стопанството во Франција. Смета дека универзитетите во Франција имаат добра пракса, а студентите кога ќе дипломираат веќе се подготвени за пазарот на трудот. Тој забележа дека во Франција имаат многу ниска стапка на невработени дипломирани студентите од техничките факултети, бидејќи имаат воспоставено добра соработка со компаниите.

Прашан што македонките универзитети треба да променат во своите програми, Блажевиќ одговори дека образовните институции треба да создадат подобар линк со стопанството.

– Многу добро би било да се подобри соработката меѓу компаниите и образовните институции, со цел да се развијат поиздржливи, поприменливи студиски програми, кои ќе бидат наменети за професионалците, стопанството, отколку за наставниот кадар, вели Блажевиќ.

Клаудија Хазис координатор на твининг – проектот вели дека проектот го реализираат заедно со тимови од Северна Ирска и Франција.

– Работилницата е насочена кон спроведување на процес на самоевалуација со цел зголемена релевантост на студиските програми во поглед на барањето на пазарот на труд, особено од инжинерскиот сектор. Универзитетскиот професор по роботика Блажевиќ е овде за да ги пренесе добрите пракси, бидејќи универзитетите во Франција своите студенти добро ги подготвуваат за пазарот на труд, вели Хазис.

Европскиот твиниг проект е почнат од август минатата година, а сите активности треба да завршат за 14 месеци.

fakultetiobrazovanie

Би можело да ве интересира

На Скопскиот универзитет започнаа уписите за слободни над 9.700 места за бруцоши

Горан Наумовски19/08/2025 - 09:47

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски08/08/2025 - 10:4108/08/2025 - 11:16

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Горан Наумовски15/07/2025 - 17:00

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

Горан Наумовски29/06/2025 - 13:47

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Горан Наумовски10/06/2025 - 12:52

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on05/05/2025 - 10:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен