Штипскиот пожарникар е во добра здравствена состојба

Од:

Пожарникарот на ТППЕ- Штип, кој исчезна утринава додека гаснеше пожар на планината Серта е извлечен од непристапниот терен, здравствената состојба му е добра и веќе го прегледуваат лекари од Брзата помош, вели за МИА командирот на ТППЕ- Штип, Дарко Коцев.

Тој посочи дека утринава околу 9.30 му се губи трагата на пожарникорот, кој има искуство од над 20 години, а во потрагата се вклучиле 15 негови колеги, полициски хеликоптер и ловци.

Пожарникарите на Територијалната противпожарна единица- Штип лани интервенирале во вкупно 371 случај, од кои 264 пожари и 107 технички интервенции, стои во годишниот извештај, којшто е доста

-Се уште сме на планината Серта, каде што имаме пожар на шума, нискостеблести растенија на површина од околу 50 хектари. За кратко ќе се повлечеме, бидејќи овде имаме непристапен терен, вели Коцев.

Пожарот е под контрола, но со неговото гаснење ќе се продолжи утре.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од вкупно 22 пожари денес, само пет се активни

ЦУК: Од девет регистрирани пожари, четири се активни

ЦУК: Од вкупно 29 пожари во изминатите 24 часа, само три се активни

Горан Наумовски

Локализиран е пожарот во близина на Римскиот аквадукт кај Скопје, при гаснењето дошло до инцидент, па реагирала и полицијата

Горан Наумовски

ЦУК: Со денови гори букова шума на Кожуф

ЦУК: Пламна голем пожар во атарот на скопското село Батинци