Штетите од пролетниот мраз да се пријават до 10 мај, апелира Подрачната единица на МЗШВ во Куманово

Од:

Земјоделците од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане чии посеви, овошни и лозови насади беа погодени од доцните пролетни мразеви, да ги пријават штетите најдоцна до 10 мај годинава, апелира Подрачната единица на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство.

Според раководителот на Подрчаната единица Насер Даути, почната е постапката за прибирање барања за увид. Екипите се веќе на терен и вршат проценка на штетите.

– Сите земјоделци кои сметаат дека имаат штети на земјоделските посеви и на овошните и лозовите насади, треба да поднесат барање до Подрачната единица. Барањето се подига во Подрачната единица, а земјоделците ќе имаат можност да добијат помош од вработените, за пополнувањето на барањето и за документацијата што треба да се достави до Подрачната единица, истакна Даути.

Земјоделците кои се со адреса на живеење во кумановскиот крај, а имаат штети на парцели кои се наоѓаат во други реони од државата, барањата треба да ги достават во Подрачната единица во Куманово од каде ќе бидат препратени до соодветната подрачната единица каде што се наоѓа имотот на земјодлеците. Оние, пак, што ги немаат решено имотно-правните работи и не се евидентирани во Регистарот на земјоделски стопанства, можат да достават барање до Подрачната единица за имотот што го корстат каде ќе добијат детални информации.

– Земјоделците треба да достават лични документи и документи за докажување сопственост или користење на земјоделскиот имот за кој пријавуваат штета, објасни Даути.

Пролетните мразеви ја зафатија Македонија на 21 и 22 април годинава.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра