Штетите од поплавите во кумановски проценети на околу 13 милиони денари

Од:

Вкупно 12,9 милиони денари изнесуваат штетите од поплавите што го зафатија кумановско во јануари и февруари годинава.

Извештајот за проценка на штетите помина на денешната седница на Советот на Општината и ќе биде доставен до Државната комисија за проценка на штети.

Како што информираше претседателот на општинската комисија за проценка на штетите, Цоки Ристовски, од поплавите од 23 јануари и на први февруари годинава, вкупната збирна проценка на предизивиканите штети во повеќе реони од Куманово и од излевање на реките во кумановско изнесуваат 12,9 милиони денари.

– Штетата што ја претрпеа граѓаните во овие две поплави изнесува 5,7 милиони денари, додека штетата за инфарструктурните објекти изнесува 7,2 милиони денари, рече Ристовски.

Потсети дека за десетина дена реките во општината се излеваа во неколку наврати, предизвикувајќи штети кај домаќинставата, помошни објекти, куќи, а штета имаше и на инфраструктрни објекти.

Би можело да ве интересира

Источниот регион повторно под вода: Поплави во Чешиново–Облешево

Горан Наумовски

УХМР: „Жолто ниво на предупредување“ од поплави: Голема е опасноста од излевање на реките

Црвена тревога е прогласена за неколку региони во Грција

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Виетнам

(ВИДЕО) Катастрофални поплави во Шпанија: Пороите носат сè пред себе, луѓе се заробени во автомобили