Штетите од јунското невреме во гевгелиско 1,9 милиони денари

Од:

Невремето проследено со пороен дожд и град, кое кон крајот на јуни, најмногу го погоди атарот на гевгелиското село Ново Конско, предизвикало штети од 1,9 милиони денари, констатира Општинската комисија за проценка на штети кое доби зелено светло од Советот на општина Гевгелија.

Според Елаборатот изготвен од Комисијата, на површина од околу 7 хектари, оштетени се насади со различни земјоделски култури на 18 физички лица, меѓу кои најголеми штети претрпеле лозовите насади чиј што род годинава е преполовен.

Елаборатот е изработен согласно Законот за заштита и спасување и единствената методологија за процена на штети од елементарни непогоди. Во следна фаза ќе го разгледуваат Републичката комисија за проценка на штети и Владата на Република Македонија, а ќе биде доставен и до Републичкиот завод за статистика.

Би можело да ве интересира

Невидена бура ја погоди Далмација, улиците под вода, жителите во очај: „Никогаш не сум видел нешто вакво“

(ВИДЕО) Најмалку 35 лица загинаа во невреме, 400 се повредени

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост