(ВИДЕО) Штерјев: Не сум подготвен денеска за одговор

Од:

Претседателот на Советот на обвинители, Коле Штерјев денеска не сакаше да одговори за спорниот избор на две обвинителки во Советот. Рече дека во текот на неделата ќе свика прес-конференција на кој ќе објасни се. Денеска не можел да говори пред новинарите, затоа што, како што рече, не бил подготвен.

Заменикот министер за правда Оливер Ристовски, на новинарско прашање дали е запознат со скандалот во Советот на јавни обвинители, во кој постојат сомневања за судир на интереси и непотизам, рече дека знае за што станува збор и дека лично очекува оставка од обвинителките кои не се изземале кога требало да гласаат.

„Макфакс“ објави дека Советот на јавни обвинители на седница во јануари донел одлука да не избере обвинителка во Обвинителството за гонење на организиран криминал и коруција, а за одлуката гласала една од обвинителките која е сопруга на осомничен банкар за перење пари, кого нејзината колешка кривично го гони. Претходно медиумите објавија и дека Коле Штерјев гласал за изборот на неговата внука во Обвинителството за гонење на организиран криминал и коруција.

В.М.

Би можело да ве интересира

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ