Штајнмајер со порака до Груевски да ја преземе одговорноста

Од:

Со вознемиреност деновиве го следам развојот во Македонија, рече шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер кој синоќа се обрати пред германскиот парламент. Штајнмајер пред Бундестагот оддели поголем дел од своето обраќање за состојбата во Македонија.

„Ние сме заинтересирани за безбедното и стабилното соседство на Западен Балкан. Бидејки е така, ги следиме случувањата во различните држави не само со интерес, туку понекогаш и со вознемиреност. Во четвртокот разговарав со еврокомесарот Хан, кој презема големи напори да посредува меѓу страните во спорот. Односите меѓу различните етнички групи таму се кревки. Назадувањето не е исклучено, доколку политички одговорните не ја оправдаат својата одговорност. Минатата седмица се чинеше дека е постигнат исчекор нанапред, дека за блиска иднина е поплочен патот до новите избори – рече Штајнмајер.
-Оваа недела се одржаа разговори околу тоа како би изгледал тој период до одржување нови избори за сите етнички и политички групации да имаат фер шанса на тие избори. Разговорите во средата не минаа добро. Се надевам дека во најскоро време ќе може да се повторат. Се надевам, исто така, дека премиерот на Македонија знае: оној кој на Западниот Балкан се наоѓа на пат кон Европа и се надева дека таму ќе стигне, тој по ваквиот пат ќе може успешно да чекори само доколку навистина ја преземе одговорноста за зачувување на демократските и структурите на правната држава – порача тој.

Би можело да ве интересира

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

АА: По дистанцирањето на Силјановска, само ВЛЕН и Вучиќ зборуваат за тензии

Предраг Петровиќ

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Војната во Украина ќе предизвика криза со снабдувањето на млеко, предупреди Ковачевски

A1on

Пандемијата ја предизвикува најголемата економска криза во историјата на Хрватска, сметаат монетарните власти

Жарко Настоски

„Нисан“ годинава ја очекува најголемата загуба во својата историја

Жарко Настоски