Шопова: Тоа што е предвидено во програмата за модерно Скопје треба да биде реализирано

Од:

Жаклина Шопова, советник во Советот на Град Скопје на денешната седница потенцираше дека со амандманот кој што го предлага советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обезбедуваат средства за реконструкција на улицата Христо Татарчев каде што ќе се опфати коловоз, пешачки патеки и фекална канализација, бидејќи и во самата програма за Модерно Скопје е предвидена реконструкција на истата.

Ние советниците во разговор со граѓаните кои што живеат на улица Христо Татарчев истовремено консултирајќи се со стручните служби, а со оглед дека градот Скопје има своја програма односно градоначалникот раководејќи се и од таа програма каде што е наведено на страна 36 дека улица Христо Татарчев ќе биде реконструирана комплетно и тоа од Мечкаров до улица Драчевска, од Маркова река до бензинската на Макпетрол и тоа ќе имаме реконструкција на атмосферската канализација, велосипедска и пешачка патека, ние го предложивме овој амандман.

Во однос на укажувањата дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ предлага амандмани пред истек на фискалната година, Шопова посочи дека во буџетот на градот има 50 милиони денари неискористени средства за зеленило па праша дали истите би се искористиле со оглед дека во декември месец не може да се прават дополнителни зелени површини.

За временската рамка јас тука би дала едно образложение, по однос на средства има во буџетот неискористени 50 милиони денари за зеленило па би сакала да знам дали овие средства до крајот на годината ќе се искористат кога во декември не знам какво зеленило ние би можеле да им приуштиме на граѓаните на Скопје. Затоа ние и го предложивме овој амандман, ќе гласаме за овој амандман и сметам дека треба и останатите советници да гласаат за овој амандман, вели таа.

Но, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и советничката група на СДСМ и коалицијата го одбија амандманот за итна реконстуркција на улицата Христо Татарчев.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“

Арсовска: Мицкоски несреќо, на кого се закануваш?

А1он

ВИДЕО: Скопје се дави во ѓубре, Герасимовски бара итна седница на ЗЕЛС

Мециновиќ: Надежта ќе ја претвориме во реалност, Скопје се разбуди

А1он