Шиповиќ за А1он: Нека колат, нека бесат, невин сум и не бегам

Од:

Немам зошто да бегам. Не сум виновен. Вака за А1 ја објаснува својата одлука да се врати во Македонија, претседателот на Советот на општина Центар и претседател на општинската организација на СДСМ Центар, Мирослав Шиповиќ и покрај определениот 30-дневен притвор.

Со Шиповиќ разговаравме телефонски пред поаѓањето за Скопје.

„Што сакаат нека прават.Нека колат, нека бесат, тука сум. Иако знам што ме чека од оваа власт, морам да дојдам за да излезе вистината на виделина .Мора да ја симнам калта од моето семејство и моето презиме. Ние не сме казнети ниту за сообраќаен прекршок“, вели Шиповиќ за А1 он.

Шиповиќ во телефонскиот разговор објаснува дека на слобода се пуштени оние кои ги потпишаа одлуките. И тоа вели е добро, бидејки дури и вештите лица кажале дека истражните органи ваделе цифри од памет.

Се работи вели, за стари резервни делови, за стари автомобили, за искинати гуми и каиши. Од УЈП појаснува Шиповиќ дека  имало доставено барање за нивно отпишување.

Шиповиќ вели дека власта сака да монтира наводен криминал.

„Како што вели Груевски вистината е како шило, врти, врти, но сепак ќе излезе на виделина, а вистината е дека јас сум невин“, изјави Мирослав Шиповиќ за А1он.

Би можело да ве интересира

Обвинителството го повлече обвинението за „Претседавач“

Ана Ололовска

Жерновски: Односите со Шиповиќ се нарушија по неговото гласање со ВМРО-ДПМНЕ за 10-катница на Водно

Наум Локоски

(ВИДЕО) Шиповиќ ја повлече поднесената оставка

Наум Локоски

Почина сведок за време на судењето за случајот „Претседавач“

Ана Ололовска

Жерновски: Не ти се лутам тебе, туку на оние кои ти го сторија тоа

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шиповиќ остана сам со ВМРО-ДПМНЕ

Емир Латифовиќ