А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Шиповиќ: ВМРО-ДПМНЕ за 5 дена да каже кој наводно ги нападнал, во спротивно лажат

by А1он08/08/2013 - 13:5609/08/2013 - 10:56152
Share0

Синоќа, Советот на општина Центар ја одржа својата прва вонредна седница на местото, каде вандалски, велат од СДСМ, беше уништено паркчето пред хотелот Бристол. На седницата беа уредно повикани сите советници со писмена покана доставено со службена пошта и со СМС пораки.

Добивај вести на вибер

Во текот на вчерашниот ден, Мирослав Шиповиќ, како претседател на Советот никој од советниците на ВМРО-ДПМНЕ не го известил дека нема да присуствува на седницата, ниту пак го известиле дека се случил физички напад врз некој од нивните советниците.

Откако седницата заврши во медиумите се појави изјава на советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Илиоски, опкружен со неколку советници. Во изјавата Илиоски тврди дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ биле спречени да присуствуваат на седницата вербално и физички од членови на ЛДП и СДСМ.

„Прашувам дали инцидентот, кој е тешко кривично дело, веднаш бил пријавен во полиција, имајќи во предвид дека Илиоски е правник, верувам дека тоа го сторил.

Покрај тоа, бидејќи точно посочуваат дека тоа биле членови на ЛДП и СДСМ ги повикуваме да ги идентификуваат со помош на полицијата и другите органи на власта.

Доколку во рок од 5 дена нема разврска на случајов, ќе сметам дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Илиоски лажат. Во тој случај советничката група на Сојузот за иднината ќе поднесе тужба за клевета“, изјави Шиповиќ.

bristol

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нов спорт пред Бристол

Емир Латифовиќ22/10/2013 - 18:4923/10/2013 - 12:24

ФОТО: Садниците кои беа извадени од паркот кај Бристол повторно засадени

Емир Латифовиќ26/09/2013 - 18:06

Паркобрани: Жал ни е што не успеавме до крај да го одбраниме паркот кај Бристол, посилни беа

Емир Латифовиќ16/09/2013 - 16:47

Паркобраните на припадниците на ЕБР им доделија улога на „тарабобрани“

Емир Латифовиќ13/09/2013 - 19:17

15 минутно видео од тоа што се случуваше во Центар!

Емир Латифовиќ12/09/2013 - 21:0912/09/2013 - 21:11

Паркобрани: Извинете, не знаевме дека сме толку опасни

Емир Латифовиќ12/09/2013 - 19:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен