Шиповиќ: Се враќам на 15. октомври во Македонија

Од:

Претседателот на советот на Општина Центар Мирослав Шиповиќ за А1 он изјави дека на 22. септември во Америка дошол поради операција на колено на неговиот син.

Повратната карта за Македонија  била резервирана за 22. октомври.

„Поради шокантната вест за потегот на власта за распишување на меѓународна потерница веднаш извадив карта за враќање во Македонија на 15. октмоври“, изјави Шиповиќ за А1 он.

Тој појаснува дека „Машинопромет“ има блокирана сметка пред „Сиком“ да ја преземе, инаку сопственост на братот на Мирослав Шиповиќ.

Шиповиќ вели дека во овој период вратиле 500 илјади евра акции на државата. И сега тие се во сопственост на ПИОМ.

Со работењето на „Сиком“ каде што Шиповиќ бил претседател на управниот одбор сите вработени останале на работа, а тој сега ги плаќа ратите за кредитите од недомаќинското работење на Пајмакоци.

„2010 година станав претседател на Управниот одмор на Сиком и прашање е зошто власта сега отвара постапка. Мнозинството во советот со еден советник го има коалицијата на СДСМ. Дали ова се прави за да може власта на нелегален начин да го презеде раководството на Општина Центар“, вели Шиповиќ.

Би можело да ве интересира

Обвинителството го повлече обвинението за „Претседавач“

Ана Ололовска

Жерновски: Односите со Шиповиќ се нарушија по неговото гласање со ВМРО-ДПМНЕ за 10-катница на Водно

Наум Локоски

(ВИДЕО) Шиповиќ ја повлече поднесената оставка

Наум Локоски

Почина сведок за време на судењето за случајот „Претседавач“

Ана Ололовска

Жерновски: Не ти се лутам тебе, туку на оние кои ти го сторија тоа

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шиповиќ остана сам со ВМРО-ДПМНЕ

Емир Латифовиќ