Шиповиќ ќе се брани од слобода

Од:

Судот денеска одлучи мерката домашен притвор за Мирослав Шиповиќ и за другите обвинети во случајот “Машинопромет“ да ја укине и да им дозволи на сите да се бранат од слобода.

Претседавачот на Советот на општина Центар и претседател на ОО СДСМ – Центар, Мирослав Шиповиќ беше во притвор цели 8 месеци. Неговата желба и намера да дојде во Македонија и да се соочи со судските органи беше спречена, тој беше уапсен на аеродромот во Виена, Австрија и по 45 дена поминати во екстрадиционен притвор беше донесен во истражниот затвор “Шутка“.

Мирослав Шиповиќ, опозицијата и градоначалникот на општина Центар тврдеа дека притворањето е политички мотивирано за да не може нормално да функционира општина Центар. Дванаесет лица беа обвинети во случајот “Машинопромет“ за финансиски малверзации. Во досегашниот тек на судскиот процес Шиповиќ и другите обвинети докажуваа дека немаат буквално никаква вина.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Обвинителството го повлече обвинението за „Претседавач“

Ана Ололовска

Жерновски: Односите со Шиповиќ се нарушија по неговото гласање со ВМРО-ДПМНЕ за 10-катница на Водно

Наум Локоски

(ВИДЕО) Шиповиќ ја повлече поднесената оставка

Наум Локоски

Почина сведок за време на судењето за случајот „Претседавач“

Ана Ололовска

Жерновски: Не ти се лутам тебе, туку на оние кои ти го сторија тоа

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шиповиќ остана сам со ВМРО-ДПМНЕ

Емир Латифовиќ