Шилегов: Зголемување на бројот на градинки и двосменско работење

Од:

Носителот на листата за пратеници од Коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ во Шестата изборна единица, Петре Шилегов денеска во Тетово презентираше дел од мерките предвидени во изборната програма во делот на економијата и образованието.

Критикувајќи ги досегашните политики на власта за ТИРЗ зоните и отворањето на нови работни места, Шилегов рече дека во изборната програма предвидуваат државна поддршка за домашните компании во висина од 140 милиони евра.

– Во Македонија мора да го вратиме животот. Ќе ги помагаме домашните фирми на ниво од 140 милиони евра и со тоа ќе го помагаме вработувањето на начин што секој оној којшто ќе вработи лице кое тешко доаѓа до работа, ќе добие донација од државата во висина од 108 илајди денари годишно. За оние фирми коишто ќе им помогнат на социјалните случаи да се вработат, односно коишто ќе вработат такви лица ќе добијат донација од 160 илјади денари годишно, изјави Шилегов.

Во делот на предучилишното образование, Шилегов најави зголемување на мрежата на градинките за 50 проценти и двосменско работење во градинките.

– Ссогласно Планот за живот во Македонија ги враќаме градинките токму кон оние на коишто најмногу им требаат, кон родителите. За 50 отсто ќе ја зголемиме мрежата на градинки и тие ќе работат двосменски до 18 часот затоа што тоа е реалната потреба на родителите. Во Македонија ќе го смениме целосно училишниот систем. Мора да имаме образование што соодветствува и на пазарот на трудот и на европските стандард, рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он