Шилегов: За првпат не ја оспорија автентичноста на снимките

Од:

Денеска за првпат ниту ВМРО ДПМНЕ, ниту пак МВРО-ВМРО преку својот портпарол и соопштение, како и директно инволвираниот директор на УБК, Сашо Мијалков, не ја спореа автентичноста на објавените разговори на прес-конференцијата на СДСМ, напиша на својот профил на Фејсбук, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Со ова, дефинитивно самите ставаат точка на прашањето на веродостојноста на сите објавени разговори. Веродостојни се. Веројатно во своето брзање да објават демант, во смисла: ’Е сега имаме аргументи за демант’, па го спомнуваат и Израел со договор за донација, овие ’брзи кучки’ заборавиле во целост да ги преслушаат снимките, па да демантираат. Ве повикувам, да обратите внимание на делот каде што во денес објавениот материјал, Мијалков и Костова, зборуваат за начинот на кој што треба да биде донесена или пренесена провизијата. Ауч. Значи, ако нема како да се браниш, викај дека е конструирано и креирано, па странски служби, а ако помислиш дека има како да се браниш, не спориш автентичност. Ама, што правиме со провизијата? Ауч“, напиша Шилегов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО