А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Шилегов: Воведуваме ред во паркирањето, предвидовме паркинг места за мотори

by А1он28/06/2018 - 14:28261
Share0

Советот на град Скопје донесе одлука согласно која предвидовме од оваа сезона на паркинзите на ЈП „Градски паркинг“ да се означат места и за паркирање на мотори и мотоцикли, изјави денеска за МИА градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Добивај вести на вибер

Како што најави, сезонава паркирањето на тие паркинг места ќе биде бесплатно. Целта е да создадеме навика кај возачите на мотори своите возила да ги паркираат соодветно на означените паркинг места. Откако ќе се создадат навики и ќе се изгради култура за правилно паркирање на моторите, веќе од следната сезона предвидено е да почне да се наплаќа паркинг услугата и за моторите, рече Шилегов.

На територијата на Скопје досега никаде не беше предвиден паркинг простор за паркирање мотори што, посочи скопскиот градоначалник, создаваше дополнителен хаос во паркирањето. На отворените паркинзи моторите зафаќаа паркинг места за цело возило и при тоа услугата за паркингот не беше наплаќана. Во недостаток на паркинг простор моторите често можевме да ги забележиме паркирани на тротоарите, улиците, пешачките зони и други јавни површини при што беше отежнато движењето во сообраќајот, наведе Шилегов, појаснувајќи ја потребата за воведување ред и во мото сообраќајот во Скопје.

skopje

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Горан Наумовски05/03/2026 - 13:39

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:09

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 13:29

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Горан Наумовски23/01/2026 - 13:38

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4819/01/2026 - 12:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен