Шилегов: Воведуваме нови стандарди за градски тротоари

Од:

Градот Скопје воведува нови стандарди во работењето при изградба и реконструкција на улиците, а според новите стандарди на квалитет се и широките тротоари и велосипедските патеки на бул. 11. Октомври, 8. Септември, Партизански одреди, Даме Груев и други.

– Мојата идеја е дека во следните две децении нашиот град треба да стане град со одржлив развој, град во кој надвор од автомобилскиот, секако мора да имаме соодветна инфраструктура и на алтернативниот сообраќај, пред се на велосипедскиот и на пешачкиот, како стандарди на коишто јас со граѓаните зборував во текот на мојата изборна кампања, а очекувам дека и граѓаните сакаат да ги применуваат. Ова е стандардот што веќе го работиме, гледате дека и центарот добива сосема нов лик и Скопје чекор по чекор станува онаков град каков што јас, меѓутоа и граѓаните на Скопје го замислуваме, а скопјани го заслужуваат – кажа Шилегов.

На булеварот 11. Октомври, на потегот од булеварот Кочо Рацин до улицата Стив Наумов (Филип Втори Македонски) покрај коловозот се реконструирани и тротоарите и велосипедските патеки согласно со најновите стандарди за одржлива урбана мобилност. Велосипедската патека и тротоарот се доволно широки и физички одвоени со жардинјера со средишно зеленило или со дрворед за кои е поставен систем за наводнување капка по капка.

Велосипедската и пешачката патека од коловозот се одвоени со заштитни столпчиња што дополнително ја зголемува безбедноста на пешаците и велосипедистите. За пешачките патеки исфрлени се од употреба плочките што брзо се оштетуваат и користен е печатен бетон кој е поотпорен како материјал и како таков поволен за пешачење.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања