Шилегов во посета на Сараево по повод 6 април – ден на градот

Од:

Делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот Шилегов го посети збратимениот град Сараево, по повод 6 април – ден на градот. Овој датум е еден од најважните датуми во историјата на Град Сараево, ден кога се одбележува годишнината од опсадата на Сараево во 1992, како и на ослободувањето во 1945 година.

Во рамките на возвратната посета на Сараево по покана на сараевскиот градоначалникот Абдулах Скака, Шилегов имаше чест да присуствува и на пуштањето на новата жичарница во Сараево, заедно со голем број гости, вклучувајќи ги и градоначалниците на Љубљана, Загреб, Дубровник, Виена и Анкара.

Имајќи го предвид традиционалното пријателство на Град Скопје и Град Сараево, а со желба да се збогатат постојните врски и соработката меѓу двата града, градоначалниците Шилегов и Скака, разменија информации за развојните визии во дејствувањето и надлежностите на градските управи, негувањето на историското наследство, организирањето на културните настани и развивањето на туризмот.

На средбата со Скака, Шилегов беше запознаен и со сегашната состојба и со планираните развојни проекти во Сараево, а исто така се дискутираше и за транспортната поврзаност, сообраќајните решенија и инфраструктурните прашања во главните градови на Македонија и Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош