Шилегов во Париз на средби со стопанствениците и администрацијата

Од:

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, деновиве е во Париз, Франција каде што одржува состаноци со заинтересирани страни на полето на урбаниот развој и меѓународната соработка. Утрово Шилегов имаше излагање за приоритетите на Град Скопје пред членовите на работната група за одржлив град при МЕДЕФ (Стопанската комора на Франција), одржа индивидуални средби со заинтересирани компании коишто нудат свои производи од областа на градежништвото, енергетската ефикасност, урбаната мобилност, управувањето со отпад итн.

Во поздравниот говор пред стопанствениците Шилегов информираше за борбата со загадувањето како најгорлив проблем на Скопје, плановите за масовно зазеленување на јавните простори, третманот на отпадните води, субвенциите за градските и приватните автобуски превозници, како и развојот на велосипедизмот во Скопје.

-Насочени сме кон обновување на соработката со збратимените градови и градовите од пријателските европски земји. Зајакнувањето на меѓународните односи има големо влијание врз иднината на градот и затоа толку време и напори посветуваме на соработката. Се надевам дека француските компании ќе најдат начин како да ги искористат отворените врати на Град Скопје за со своите производи и искуства да помогнат во изградбата и модернизацијата на градот. – изјави Шилегов пред присутните.

Градоначалникот на Скопје денеска оствари средба и со заменик-градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски, а за утре е планирана средба и со Флоранс Манжен, Директорка на директоратот за Континентална Европа при Министерството за надворешни работи и Европа на Република Франција.

Би можело да ве интересира

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски