(ВИДЕО) Шилегов: Во недела одлучувате за спроведување на планот за живот

Од:

Носителот на кандидатската листа за пратеници од СДСМ во Изборната единица 6 Петре Шилегов денеска на средби со жители во општина Гостивар ја претстави предизборната програма.

Повтори неколку акценти меѓу кои и најавите за минимална плата од 16.000 денари и просечна 30.000. Воедно нагласи дека со програмата е предвидено платата на наставничкиот кадар да не биде пониска од просечната плата.

– Во недела сте сами зад параванот и одлучувате за вашата иднина Заокружете го бројот 4 за да го спроведеме планот за живот и да ја вратиме насмевката на лицата, рече Шилегов на прес-конференција по средбите.

Во обраќањето од центарот на Гостивар ги коментираше и наводите на неговиот противкандидат Владимир Ѓорчев од коалицијата „За подобра Македонија“ околу најавените 37 проекти за Гостивар.

– Триесет и седумте проекти за Гостивар се триесет и седум ситни лаги. Гостиварци велат доста е, бидејќи им треба здравство кое ќе ги лекува, лекари и медицински пероснал за да бидат достоинствени пациенти, подвлече Шилегов и јавно го праша Ѓорлев зошто се чекале десет години за да се направи клучката кај автопатот на влезот во Гостивар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?