Шилегов: Угледот на Македонија со прикажување на вакви видео материјали е доведен во прашање!

Од:

На новинарско прашање, дали има пример на некоја друга држава кадешто се снимаат средби во кабинетите на претседател, премиер. Дали е тоа легитимно?

„Угледот на Република Македонија со прикажување на вакви видео материјали е доведен во прашање. Бидејќи не знаеме кои средби и кого се Никола Груевски снима во својот кабинет. Дали се тоа негови коалициони партнери, дали се тоа странски амбасадори, странски министри, премиери, еврокомесари и слични гости во неговиот кабинет“, рече портпаролот на СДСМ.

Вашиот лидер, на прес конференција истакна дека материјалите се доставени од македонски граѓани, ако добро се сеќавам патриоти, кои работеле во служби од Македонија. Наспроти него, владеачката партија и дел од медиумите оценуваат дека тие биле добиени од евентуално грчка или турска разузнавачка служба. Каков е вашиот коментар по однос на сето тоа? И дали според вас во овој случај снимениот разговор на премиерот со претседателот на вашата партија снимката е дело на странска разузнавачка служба?

Народот наш, на вакво прашање кој ти ги даде материјалите, има една поговорка вика зини да ти кажам. Не станува збор на странски служби. Станува збор за домашни граѓани, патриоти, кои ги прибавиле материјалите од нашите служби.

Како ги коментирате повиците на провладиниот печат за линч на претседателот на СДСМ па и на целото раководство? Сведоци сме на написи во Курир, Вечер, вчерашната емисија на Јанко, кадешто отворено беа искажани погрдни зборови за раководството со линч да се затвори Зоран Заев и раководството. Имаше дури и граѓани кои во саботата сакаа да го нападнат штабот на СДСМ.

Очигледен факт е евидентна нервозата и безизлезната состојба во којашто се наоѓа Никола Груевски. Таа нервоза нема никаков друг метод и медотологија да одработува освен, со ефтина пропаганда, да се обидува да ја замајува јавноста. Неспорниот факт се скандалите во коишто е влезен и самиот тој, меѓутоа за жал гледате дека ја внесува и Република Македонија.

Кога ќе почнете со објавување на доказите?

На целокупната македонска јавност повеќе од јасно и е дека процесот е започнат. Така започнатиот процес, прашање на кратко време е кога ќе започне објавувањето.

А смеете ли да ги објавувате тие доказни материјали коишто можат да послужат во евентуален судски процес?

За каков судски процес зборувате?

Па ете најавуваат нели против лидерот на вашата партија…

Значи таму нема ни започната истрага, така што тоа се спинови на непознавачи на правото и очигледно е дека цела оваа папазијанија, што ја започна Никола Груевски со својата прес конференција во саботата, е со цел да се дефокусира јавноста од клучното прашање кој и во колкава обем ги следи, снима и прислушува граѓаните на нашата држава. И за што всушност ги употребува тие податоци.

Кога ќе бидат објавени доказите ќе биде објавен и криминалот, што потоа? Што очекувате?

Во институциите на Република Македонија постојат совесни професионалци, луѓе патриоти коишто си ја сакаат својата држава. Доказ за тоа се доставените материјали. Како процесот којшто го започна Никола Груевски ќе заврши, ќе биде прашање коешто ќе треба да го поставите на Никола Груевски. Ако ви дозволи да поставувате прашања на неговите прес конференции.

П8: Како ја коментирате изјавата на адвокатот на Верушевски вчера?

Не би коментирал. Таму има предмет за којшто кажавме дека е политичка конструкција. Целиот предмет за господинот Верушевски очигледно дека е очаен обид да се испинува ситуација во којашто правно би бил инволвиран Социјалдемократскиот сојуз и неговиот претседател Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Шуто Оризари, Илинден, Кочани и Долнени

Скопјани се трујат од отровен чад и канцерогени честички поради горење на депониите Дрисла и Вардариште, велат од СДСМ

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица