Шилегов: Треба да биде вратен стариот изглед на зградата на Владата

Од:

За сите проекти и прашања во врска со објектите од криминалниот проект Скопје 2014, Социјалдемократскиот сојуз ќе ги праша најзасегнатите, тоа се граѓаните на Република Македонија. Моето лично, непартиско мислење е дека треба да биде вратен стариот изглед на зградата, одговори денеска на прашање на новинарите Петре Шилегов, дали по евентуалната победа ќе биде вратен стариот изглед на зградата, како што беше претходно?

Дали се очекува денеска конечно да се постигне договор околу законската рамка на специјалниот јавен обвинител?

Бегање од изборот на специјален јавен обвинител нема, 15-ти септември е за неколку дена. Ако размислите добро, единствениот на којшто не му одговара избор на специјален јавен обвинител или избор на специјален јавен обвинител со вистински реални овластувања е токму Никола Груевски и криминалната клика околу него.

А дали специјалниот јавен обвинител ќе има мандат да провери дали Шекеринска перела пари со оглед на високите кирии и да направи проценка…?

Функционерите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија меѓу коишто е и заменик претседателката на СДСМ, Шекеринска се секогаш достапни на било кој државен орган на Р.Македонија. Доколку имаше било какви криминални активности на било кој од нас, немаше ниту Никола Груевски, ниту неговата врхушка да чека да биде избран специјален јавен обвинител.

Би можело да ве интересира

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он