Шилегов: Со вонредното прскање против комарци очекувам целосно да се санира проблемот

Од:

Со вонредното терестично прскање против комарци што започна вчера во 21 часот мислам дека состојбата е сериозно ублажена и очекувам по завршување на прскањето целосно да се санира тој проблем, рече денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Тој појасни дека постапката, процедурата, начинот и средствата за извршување на прскањето се работа која Градот од Заводот за јавно здравје ги добива до 31 јануари секоја година.

-Постапката, процедурата, начинот и средствата се работа која ние со заводот за јавно здравје ги добиваме до 31 јануари секоја година. Таму се определени местата, локациите, квалитетот на средството и периодите во кои се врши прскањето против комарци и ние сме должни согласно законски прописи на тие упатства да се придржуваме. Во текот на минатата недела беше авионско, сега со терестично прскање очекувам дека целосно ќе се санира тој проблем, рече Шилегов во одговор на новинарско прашање.

Градоначалникот појасни дека на почетокот на август годинава имаше сериозно врнежливи денови, паѓање на дрва, невремиња, и тоа, како што додаде, се природни услови за вонредно рамзножување на комарците, но со вонредното прскање тој проблем ќе се санира. Појасни дека секогаш пред да се прска мора да се размислува за здравјето на луѓето.

-Секогаш кога се прска треба да се мисли пред се на здравјето на луѓето затоа што прскате хемикалија и затоа таа треба да биде по сериозни протоколи и препораки од здраветсвените власти. Не можеме ние да ги дигаме авионите и да прскаме секогаш кога мислиме дека тоа треба да го направиме. Целта на комарците не е уништување туку редуцирање на нивниот број, рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје

Предраг Петровиќ

ЈСП доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски