Шилегов: Скопјани ќе добијат ново шеталиште на кејот „13 Ноември“ на почетокот на летото

Од:

Реконструкцијата на кејот „13 Ноември“, на потегот од градскиот плоштад до улицата Стив Наумов, се одвива со забрзана динамика и на почетокот на летото скопјани ќе добијат нов кеј за уживање, информираат од Град Скопје.

– Градежните активности на терен се интензивирани. Отстранети се централните и предните делови на терасите на угостителските објекти, со што е ослободено шеталиштето и прекрасниот средишен дрворед, што е едно од најатрактивните места во нашиот град. Изминатиов период се работеше на обновување на целокупната подземната инфраструктура, а во моментов се работи на поплочувањето на кејот и моите очекувања се дека во втората половина на јуни, на почетокот на летото, скопјани ќе добијат нов кеј за уживање – истакна Шилегов на денешната седница за советнички прашања.

Како што известува Град Скопје, овој проект е во вредност од 88,6 милиони денари со вклучен ДДВ, средства обезбедени од Буџетот на Град Скопје. Со реконструкцијата е опфатено целосно ново поплочување, патека за лицата со инвалидитет, високо зеленило – дрворед, поставување клупи, смарт клупи, корпи за џебен отпад, нови жардиниери за дрворедот, канделабри, рефлектори за осветлување и нови бетонски и електрични столбови заради реализација на забраната за паркирање и движење по кејот „13 Ноември“. На новиот кеј ќе биде ослободено повеќе место за велосипедистите и пешаците преку целосно спречување на можноста за нелегално паркирање на овој простор и сериозно ограничување на протокот на возила.

Терасите кои што ќе ги користат угостителските објекти ќе бидат унифицирани и поставени на начин што ќе овозможи да дојде до израз прекрасниот двоен дрворед од повеќегодишни развиени дрвја, велат од Градот.

Би можело да ве интересира

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он