Шилегов: СДСМ води во поголемите градски средини

Од:

Коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ вечерва на прес-конференција објави дека води во Скопје, Битола, Куманово, Струмица, Струга, Кавадарци, Гостивар и Дебар.

– Сето ова говори дека е на повидок голема победа на граѓаните на Република Македонија, рече носителот на кандидатската листа во Шестата изборна единица Петре Шилегов.

Симпатизерите на СДСМ по повикот од партискиот штаб се упатија кон Владата на Република Македонија да прослават.

Според 90 проценти од обработените податоци од аналитичкиот центар на СДСМ, по 51 пратеничко место имаат освоено и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ 8, БЕСА 5, Алијанса за Албанците 3 и ДПА 2 пратенички места. По изборни единици, во Првата изборна единица СДСМ освоила 10 пратенички места, ВМРО-ДПМНЕ 8, во Втората изборна единица двете најголеми македонски партии имаат по девет пратенички места, во Третата ВМРО-ДПМНЕ има 11, а СДСМ 9 пратенички места, во Четвртата е изедначено, односно по 10 пратенички места, а изедначено е и во Петката каде двете партии имаат по девет пратенички места, додека во Шестата изборна единица СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат по четири пратенички места.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски