Шилегов предлага по 100.000 денари за семејствата на загинатите кај Ласкарци

Од:

Советот на Скопје денес ќе одлучува за доделување парична помош од по 100.000 денари на семејствата на петнаесетмина загинати во сообраќајната кај Ласкарци. Одлуката е по предлог на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

„ Градот Скопје, како израз на солидарност кон семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово на секое семејство ќе додели парична помош од 100.000 денари“, стои во одлуката.

Доколку советниците ја изгласаат одлуката, парите на семејствата ќе им бидат исплатени од Буџетот на Град Скопје, од постојната резерва.

Задолжен за реализација на одлуката е градоначалникот Шилегов.

Сообраќајната несреќа во која загинаа петнаесетмината патници се случи на 13 февруари кога автобус на „Дурмо турс“ со 51 патник излета од патот.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он