(ВИДЕО) Шилегов: Почна капитулацијата на Груевски

Од:

„Почна капитулацијата на власта за погрешните политики на Никола Груевски и неколкумина околу него, со коишто го урнисаа државниот систем.

Секој ден самата власт се враќа по чекор назад за сопствените потези што грчевито ги туркаше, газејќи и Устав и закон и став на општествената јавност“, изјави на денешната прес-конференција, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Денеска власта прави уште еден чекор назад за само неколку дена.

Истата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ којашто гласаше за измените на законот со којшто се воведуваат вртоглави придонеси за хонорарците, денеска ја спушта топката со повлекување на овие решенија.

Пред само неколку дена Груевски ги замрзнаа казните за наставниците во т.н. проект екстерно тестирање.

Потоа лично Груевски најави и одложување на државниот испит и на измените на Законот за високо образование, што на сила ги истурка во Парламентот. Друго прашање е со кое право Никола Груевски кој не е законодавна власт, сам одлучи за одложување на примена на закон, иако Собранието е тоа коешто носи закони.

Денешното ново признание за направените грешки говори две работи:

  1. Дека Груевски е во паника и
  2. Дека концептот на контрола и на политики на Груевски и на неговите неколкумина соработници се распаѓа“, изјави Шилегов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија