Шилегов: Пари за жичницата кон Водно има, проблематична е нејзината стартна точка

Од:

Пари за реализација на втората фаза од жичницата кон Водно има, но проблематична е стартната точка на жичницата, оцени денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Тој прецизира дека инвестицијата за жичницата не е на Град Скопје, туку на Министерството за транспорт и врски и додаде дека не се проблем паричните средства за реализација, но проблематично е што треба да се сече шума, како и одбраната локација за појдовната точка на жичницата. Во моментов, нагласи, има дилеми во таа насока.

– Проектот за жичницата за Водно каде како почетна станица е ставен паркингот кај Институтот за белодробни заболувања кај децата е апсурден. На дечињата што ги лекувате од белодробни заболувања треба да им ги донесете колите под нос. Тоа е несреќно решение, рече градоначалникот Шилегов одговарајќи на советничко прашање на денешната седница на Советот на Град Скопје.

Тој посочи дека има и ограничувања дека жичницата не може да оди над објекти за живеење, а како што кажа во близина на предвидената траса е и вилата на Претседателот на Република Македонија поради што може да има и проблеми за нејзино обезбедување. вј/скс/15:41

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски