Шилегов: Очекувам опозицијата конечно да се оддели од криминалното минато

Од:

Предизвикот што го ставивме на маса е голем и кон другите политички партии. Очекувам дека и останатите политички партии ќе го пратат примерот на Социјалдемократскиот сојуз независно каков е нивниот моментален статус, дали се на власт или во опозиција. Очекувам дека опозицијата конечно ќе се оддели од криминалното минато, ќе го осуди криминалот што го правеа нејзините луѓе, а не да ги штити, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Тој очекува дека дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе си поднесат оставки поради, како што рече, нивната вмешаност во криминалите.

– Очекувам наместо да промовираат примитивизам и фашизам во македонската политика да станат една вистинска граѓанска десничарска партија, рече Шилегов.

Прашан која е причината за промената во СДСМ и дали е задоволен од работата на партијата Шилегов подвлече дека проценката била дека треба да се направи рестаритирање на партиските структури што неминово ќе доведе и до рестартирање и на држваните институции.

Додаде дека за една и пол година како градоначалник на Скопје во принцип е задоволен од работата на блиските соработници и оти не функционира на начин да прави произволни и паушални решенија, туку студиозни што ќе остават иднина за градот.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски