Шилегов: Обвинението за „Пулс“ е правно неуредено и базирано на нелогични конструкции

Од:

Адвокатот Петре Шилегов остро реагираше на обвинителниот акт за трагедијата во кочанскиот ноќен клуб „Пулс“, наведувајќи дека документот е полн со правни недостатоци и сериозни логички пропусти.

Во излагањето пред судот, Шилегов потенцираше дека судската постапка мора да обезбеди фер и правично решение за сите засегнати страни, додавајќи дека оштетените заслужуваат правично расчистување на случајот, но не по цена на неправда кон обвинетите.

„Обвинението што го добивме е документ кој тешко може да се нарече правно валиден. Со жалење морам да кажам дека ваква правна неконзистентност не сум сретнал. Нашата цел е јасна – праведност за оштетените, но и за секој поединец кој неоправдано е ставен на обвинителната клупа“, рече Шилегов.

Според обвинението, на Шефкет Хазари клинетот на Шилегов му се става на товар дека бил свесен за можните штетни последици и се согласил со нивно настанување. Обвинителството се повикува на членови 288 и 292 од Кривичниот законик.

Шилегов оцени дека обвинението содржи хронолошки апсурди, нагласувајќи дека органите за прогон треба да објаснат како е можно Хазари, во периодот 2013–2019, да се согласил со настан што се случил во март 2025 година.

Би можело да ве интересира

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност

Сведочење за „Пулс“: Обезбедувањето требало да реагира за присуство на малолетници по полноќ, а пиротехниката била безбедносен ризик

Катерина Ѓуровски

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ со нови сведоци на Обвинителството

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Чибишев: Деновите по пожарот во „Пулс“ беа најтешки во мојата докторска кариера

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски