Шилегов: Недозволиво е во главен град да имаме луѓе кои на диво продаваат

Од:

Недозволиво е во главен град на една европска држава, во европско Скопје за кое сите се залагаме, да имаме луѓе кои на диво ќе продаваат стока, надвор од кој било правен пропис и надвор од кое било правило. Ова денеска го соопшти скопскиот градоначалник Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање за протестот на дивите продавачи на Бит пазар.

– Само на Бит пазар во моментов има 500 субјекти, 500 луѓе кои плаќаат редовно и давачки за тезги и даноци кон државата. Недозволиво е поради 20 или 30 диви продавачи кои имаат можност да се легализираат и понудени им се и по социјален аспект определени бенефиции, да се однесуваат на начин на кој се однесуваат, рече Шилегов по потпишувањето на писмото за намери со Министерството за култура за заедничко финансирање на изградбата на Универзална сала.

Потсети дека првиот рок што го утврдиле бил 5 април, а еден месец пролонгирале поради разговори и преговори со нив за на крај, како што рече, да се убедиме дека треба да влезат.

– Очигледно е дека не сакаат тоа да го направат. Нивен е изборот, се уште е отворена опцијата да влезат во пазарот, а Град Скопје заедно со „Скопски пазар“ два месеца да ги подмири трошоците за нивното влегување за тезги, рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски