Шилегов најави три компоненти за намалување на загадувањето во Скопје

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска истакна дека постојат три компоненти со кои ќе се решава проблемот со загадувањето во Скопје. Првата е со зачестен инспекциски надзор на индустриските капацитети, потоа стимулација на граѓаните да го користат јавниот превоз наместо автомобилите, и организирано затоплување на домовите.

Тој посочи дека деновиве се врши сериозен мониторинг со цел опеделени индустриски капацитети да не ја злоупотребат малата видливост заради маглата, и да испуштаат недозволени гласови. Појасни дека мониторингот се врши секоја вечер со термални дронови.

-Ние работиме во коренот на решавање проблемот. Неколку пати општам со јавноста главните компоненти се три. Едната е овој инспекциски надзор кој што верувам ќе се согласите сите, Инспекторатот на Град Скопје е една од најактивните институции од тој вид и карактер во државата, рече Шилегов.

Како што појасни, втората компонента е рашавање на јавниот транспорт, со што ќе се дестимулираат граѓаните да го користат автомобилскиот сообараќај. Оваа компонента градоначалникот рече дека ќе се спроведе на самиот крај, некаде после нова година, и треба да се имплементира до крај на 2021 година.

-Втората е на самиот крај, а тоа е решавање на јавниот транспорт со што ќе ги дестимулираме граѓаните да го користат автомобилскиот сообраќај имајќи во предвид дека кога ќе го воведеме тој концепт, таа смена на самиот крај, некаде после нова година се објавува јавната набавка, и тоа ќе се имплементира до крај на 2021 година. Ќе биде многу поекономично, поисплатливо и пологично да го користите јавниот транспорт како варијанта за превоз на луѓе отколку сопствениот автомобил, рече Шилегов.

Додаде дека третата компонента е организирано затоплување на домовите, каде ќе бидат понудени социјални пакети, за и овие граѓани да бидат дел од централното греење, со што ќе се намали емисијата на штетните гасови од затоплувањето на домовите.

-Третата компонента, за мене клучна, е организираното затоплување на домовите. Тука имавме сериозна интервенција оваа сезона. Околу пет илјади оџаци во нашиот град помалку зарачат што не е доволно, суштинско е да градските енергетски системи, конечно Регулаторната комисија го реши проблемот кој што го имаме со издавањето на лиценца, со цел да трите мрежи ги добиеме и да можеме на граѓаните на организиран начин понудиме и социјални пакети да бидат дел од централното греење со што ќе се намали емисијата на штетните гасови од затоплувањето на домовите, појасни градоначалникот Шилегов.

Би можело да ве интересира

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“