Шилегов на средба со Бандиќ: Загрепски сообраќајни експерти наскоро во Скопје

Од:

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, деновиве е во официјална посета на Загреб, Република Хрватска, каде утрово оствари работна средба со градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ.

На средбата присуствуваа и претставници на македонската амбасада во Хрватска, претставници на јавните претпријатија и администрацијата на Градот Загреб, како и на Европската епархија на МПЦ.

На средбата, градоначалниците дискутираа за досегашната соработка и искажаа желба истата во иднина да се продлабочи во повеќе области, каде како најважни ги издвоија урбанистичкото уредување, животната средина и сообраќајот.

Скопје и Загреб се збратимени градови од 2011 година и досега имаа соработка во областа на образованието, спортот и културата.

На средбата беше договорено висока делегација, предводена од градоначалникот на Загреб, заедно со претставници од Секторот за сообраќај на Загреб и ЗЕТ (Загребачки електричен трамвај) да го посетат Скопје, каде што би размениле искуства и би дале стручна помош во насока на развој на нови сообраќајни решенија во Скопје.

По средбата, изјава за медиумите дадоа градоначалниците Шилегов и Бандиќ, каде се заложија да продолжи добрата соработка помеѓу Скопје и Загреб.

Изминативе неколку денови градоначалникот Шилегов престојуваше во официјална посета на Загреб, каде што учествуваше на работниот состанок во врска со заедничката кандидатура на Македонија, Словенија и Црна Гора за организација на европското првенство во ракомет во женска конкуренција во 2022 година.

Како градови организатори на ова првенство ќе бидат Скопје од Македонија, Подгорица од Црна Гора и Целје и Љубљана од Словенија.

На официјалното поднесување на кандидатурата присуствуваа и градоначалниците на Загреб, Подгорица и Љубљана, како и претседателите и претставници на ракометните федерации на Македонија, Црна Гора и Словенија, вклучувајќи и високи претставници на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он