Шилегов на регионален самит во Истанбул

Од:

Градоначалникот Шилегов учествува на регионалниот самит „Regional Living Lab Summit“ кој во наредниве неколку денови се одржува во Истанбул, Турција.

Самитот го отвори градоначалникот на Истанбул, Мевлут Ујсал (Mevlüt Uysal) и истиот има за цел да креира модел за развој на иновативен еко-систем во регионот, со акцент на можноста Истанбул да прерасне во регионален центар и мост помеѓу земјите во развој од Блискиот Исток и Северна Африка и веќе развиените земји од Европа.

Во своето обраќање на самитот, градоначалникот Шилегов ја потенцираше важноста од имплементирањето на системот на иновации во креирањето на еколошки напреден град, како и чекорите кои Град Скопје ги реализира во оваа област.

– Градот Скопје презема чекори и активности за да овозможиме систематски и интегрален пристап кон креирање на услови за развој на иновативен еко-систем. Нашиот пристап се рефлектира преку еден поширок концепт на Центар за креирање и развој на бизниси. Преко овој концепт системски се развиваат повеќе различни области, каде реализираме поголем број на активности и проекти. Скопје лаб е резултат на соработката помеѓу Град Скопје и УНДП. Целта на овој центар е зајакнување на капацитетите на градската администрација, нејзините процеси, постапки и делување. Скопје лаб функционира како Центар за иновации на Град Скопје чиј фокус е подобрување на услугите кои градот ги нуди на граѓаните. „Лабораторија за урбано живеење“ во Скопје (Urban living lab) е резултат на успешното делување во рамки на проектот РОК (ROCK) во рамки на Европската програма за истражување и иновации Хоризонт 2020. Лабораторијата за урбано живеење има за цел да биде модел за развивање на можности во Скопје. Од аспект на функционалност, целта му е да ги зближи широкиот опсег на заинтересирани страни од областа на развојот и урбаното планирање – кажа Шилегов.

Искуството на Град Истанбул на полето на иновативен развој покажува дека клучот на успехот е во моќта на одлучување, политиките и посветеноста на општините и Владата кои се поддржани од страна на јавни, приватни или академски иновативни еко-системи. Истанбул има еко-систем составен од повеќе од 60 најразлични иновативни центри.
На самитот во Истанбул учество зедоа претставници на голем број на општини и државни институции од Турција, научни центри и универзитети вклучени и организации вклучени во иновативните еко-системи, како и градоначалниците на Тунис (Тунис), Бен Суад (Souad Ben), Приштина (Косово) Шпенд Ахмети и општината Трептоу-Копеник (Treptow-Köpenick) во Берлин (Германија), Свен Шмол (Sven Schmohl).

Во рамки на посетата на Истанбул, градоначалникот Шилегов и делегација на Советот на Град Скопје, остварија средба со градоначалникот на Истанбул, Мевлут Ујсал (Mevlüt Uysal). На средбата е дискутирано за досегашната соработка меѓу двата збратимени градови, како и можностите и областите во кои може да се интензивира истата.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен