Шилегов на одбележувањето на Светскиот ден на крводарителството

Од:

Градоначалникот Шилегов денеска го посети Дневниот центар за дарување крв во ДХО „Даре Џамбаз“ каде што Црвениот крст на Град Скопје организира крводарителска акција по повод Светскиот ден на крводарителството – 14 Јуни.

– Доброволното дарување крв претставува исклучително благородно и хумано дело. За овие пет години од работењето на Дневниот центар за дарување крв, речиси 10.000 лица даруваа крв. Дневниот центар им нуди можност на граѓаните во секое време да даруваат крв, а на тој начин се зголемуваат резервите на крв и можностите за спасување животи. Правилната едукација е важен фактор за мотивација на секој иден крводарител, како и дополнителен поттик за повеќекратните крводарители. Токму преку овој центар се мотивираат нашите помлади сограѓани со цел нивно активно вклучување како редовни крводарители – рече денеска градоначалникот Шилегов.

Дневниот центар за дарување крв во ДХО „Даре Џамбаз“ го опслужуваат мобилни екипи од Институтот за трансфузиона медицина и волонтери на Црвениот крст на Град Скопје.

– Секоја година, по повод 26 Јули и 13 Ноември Црвениот крст организира традиционални крводарителски акции. Таа традиција ќе ја помогнеме. Нашата идеа е да помогнеме на што е можно повеќе луѓе. Велат, ако спасиш еден човек, си го спасил целиот свет. Токму затоа ви благодарам на вашата посветена работа, спасувајте го светот секој ден – порача Шилегов.

Дневниот центар за дарување крв годинава одбележува пет години од своето работење, период во кој се собрани вкупно 9.369 единици крв од самоиницијативни дарувања, како и од дарувања во акции реализирани во неговите простории.

Како дел од денешното одбележување на Светскиот ден на крводарителството беа доделени благодарници и плакети на организации и институции за нивниот придонес за промоција и унапредување на крводарителството во Скопје.

Би можело да ве интересира

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството

Тешка сообраќајка во центарот на Скопје: Повредени докторка и здравствен работник, повреден пациент почина во болница

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа