(ВИДЕО) Шилегов: На местото на споменикот на Ќосето ќе биде насадено дрво „за човекови права“

Од:

На местото каде што стоеше постамент со спомен обележје на Андон Јанев Ќосето за кој се констатираше дека е дивоградба, ќе биде насадено дрво „за човекови права“ под кое ќе биде изгравиран Членот 10 од Општата повелба за човекови права на Обединетите нации, информираше градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, додавајќи дека повеќе нема да бидат толерирани дивоградбите во главниот град.

Во врска со тајмингот кога е отстранет споменикот, Шилегов изјави дека тоа е сторено во доцните часови за да не се кочи сообраќајот на улицата, поради трите големи возила што беа донесени за отстранувањето, како и да не се спречи работата на судовите што започнуваат со работа во утринските часови.

„Постаментот од минатата влада беше поставен „шверцерски“ во раните утрински часови, без никој да види, бидејќи знаеле дека е дивоградба“, рече Шилегов.

Дрвото кое ќе биде насадено на местото на постаментот ќе биде набавено од Нинберг и e од видот гинко.

Град Скопје во соработка со Министерството за животна средина и ЈП „Паркови и зеленило“ ќе набави повеќе дрвја од овој тип, кои ќе бидат насадени низ градот, а вкупната вредност на набавката изнесува 40 милиони денари.

Споменикот на Ќосето беше поставен ноќата меѓу 6 и 7 септември 2014, како дел од проектот „Скопје 2014“ и како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин. Станува збор за контраверзна историска личност чие поставување предизвика низа реакции во јавноста, Ќосето е познат како ликвидаторот на ВМРО.

Работната група при Министерството за култура предходно утврди бројни законски прекршувања при поставувањето на овој споменик, меѓу кои и Законот за поставување на спомен обележја. СЈО отвори истрага за спомениците кои беа поставени како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески