Шилегов: Македонија има еден завет, перспективна иднина како полноправна членка на ЕУ и НАТО

Од:

Потпретседателот на СДСМ Петре Шилегов беше во посета на општина Градско на средби со граѓаните и поддржувачи на партијата.

Во разговорите со граѓаните потпретседателот Шилегов посочи дека Владата предводена од СДСМ во изминатата година оствари клучни мерки од програмата преку кои се обезбедуваат повеќе пари за граѓаните, повеќе странски инвестиции и нови работни места, и дека Македонија има само еден завет, а тоа е просперитетна иднина.

– Во оваа една година зад нас, Владата што ја предводи СДСМ се определи за реформи кои Македонија ја движат напред, обезбедуваат економски раст, инвестиции и повеќе пари кај граѓаните. Затоа растат платите и 90 илјади граѓани земаат повисока плата. Затоа имаме рекордни 235 милиони евра странски инвестции за три месеци. После изгубени 11 години, Македонија нема време за губење. Македонија пред себе има само еден завет, а тоа е просперитетна иднина која обезбедува економски раст и полноправно членство во НАТО и ЕУ, истакна Шилегов.

Како партија предводник на Владата, додаде Шилегов, продолжуваме посветено да работиме на спроведувана реформите што од Македонија градат модерна европски развиена држава, земја партнер и пријател на демократскиот свет.

„Раководството на СДСМ и во периодот што следува продолжува со посети на општини и населени места. Го слушаме гласот и се грижиме за потребите на граѓаните“, рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници