Одговорност не може да има бидејќи овие градби се започнати и издадени градежните дозволи и запишани се во урбанистичките планови пред воопшто Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да земе одговорност за работата на општина Центар, можеби има мало задоцнување во излезност на инспекциските органи, но имајќи во предвид каква беше запечатеноста на овој дел од Скопје и неможноста да се припари внатре, едноставно не постоеше поинаков начин, рече Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.
Дали се изготвени кандидатските листи и дали се знаат и дали се позтани имињате кои се ќе биде на нив?
Болните спинови на ВМРО ДПМНЕ, имајќи го предвид стравот од извесниот пораз на 11 декември, го прават токму тоа да се разговара за теми во јавноста, коишто реално не постојат. Во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не се разговара за пратеничките листи се уште бидејќи е прерано, она што е приоритет и на Република Македонија и на сите слободарски граѓани на Република Македонија и на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е да формираме и да се создаде што е можно поширок фронт во борбата против режимот на Груевски.
Дали потписниците на Пржинскиот договор ќе договараат нешто за 6-та изборна единица?
Очекуваме дека Министертсвото за прадва како надлежен орган ќе достави до Собранието предлог на закон којшто подоцна ќе биде усогласен во рамки на Собранието.
Како сте задоволни од известувањето на медиумите во последниот период како тече мониторингот?
Постои благо подобрување, проблемот во Република Македонија никогаш не било известувањето како такво, туку било креирањето на лаги и креирањето на лажна вистина во моментот кога ќе престане да се креира лажната реалност во Република Македонија и вие како медиумски куќи ќе можете слободно овде да дојдете да снимате, бидејќи вчера граѓаните на Македонија не можеа да го видат овој хаос кој настана овде, тогаш ќе можеме да зборуваме за реално известување и за некреирање на лажна вистинитост.