Шилегов: Крај на поделбите и живот за сите во Македонија

Од:

Социјалдемократскиот сојуз, здружената опозиција, граѓаните на Македонија излегуваат на овие избори со План за живот во нашата држава. План кој што ќе овозможи да нашите граѓани живеат комотен живот, не како досега, парите да завршуваат само кај определена структура на фамилијата на Груевски, додека сите останати да работиме за нив, изјави Петре Шилегов, носител на И.Е 6, и портпарол на СДСМ.
 
Луѓето мора да ги осетат промените! луѓето мора да го подобрат квалитетот на сопственото живеење! За граѓаните се работи, за нивното добро, за нивната иднина, за нашите деца!
 
Понатаму, во програмата којашто ќе ја понудиме на претстојните избори, е на нашите граѓани да им го понудиме она коешто досега најмногу ја боли нашата држава, а тоа е да ставиме крај на поделбите.
 
ВМРО ДПМНЕ и ДУИ во изминативе 11 години не прават ништо, туку делат. Они се тие кој што ги делат луѓето, они се тие којшто ги делат граѓаните, и нивните делби завршуваат на првиот тендер. Тие горе лесно се помируваат едни со други, затоа што работат за дебели провизии, додека граѓаните долу во секојдневието остануваат раскарани, на тоа мораме да му ставиме крај! Македонија заслужува да биде современа, европска држава, демократска држава, еднаква за сите граѓани без разлика на нивната етничка, верска или партиска припадност.
 
И кога зборуваме за престанок на делбите помеѓу граѓаните, зборуваме токму за тоа, престанок на делби од секаков вид!
 
Повеќе во оваа држава да не биде важно кој од која националност е, повеќе во оваа држава да не биде важно кој на која вероисповед припаѓа, повеќе во оваа држава да не биде важно кој на која политичка партија припаѓа! Секој да го добива она што му следува согласно законот, секој е одговорен согласно законот!

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември