Шилегов: Иницијатор на спомен плочата на „Мајка Тереза“ е Здружението за заштита на ликот и делото на Мајка Тереза

Од:

Новата спомен плоча на „Мајка Тереза“ на плоштадот на градот е активност на Здружението за заштита на ликот и делото на „Мајка Тереза“. Градот Скопје освен да помага нема никаква друга правна можност да врши реконструкција, истакна денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Тој појасни дека Здружението за заштита на ликот и делото на „Мајка Тереза“ е иницијатор, изработувач и финансиер на овој проект, но како што рече, според него ова идејно решение е прифатливо.

-Градот нема активности освен што помага на Здружението за заштита на ликот и делото на „Мајка Тереза“. Тие беа иницијатори, тие се финансиери и изработувачи на спомен обележјето на начин на кој што е изведено, ние ниту имаме право ниту имаме правна можност како Град самоиницијативно да ја вршиме реконструкцијата на местото каде што е спомен плочата. Идејното решение за мене беше прифатливо од причина што достапноста до спомен плочата од страна на јавниот простор да се надмине проблемот што со криминалната продажба на локацијата за изградба на шпанските скали е наметната кај локацијата на куќата на „Мајка Тереза“, рече Шилегов во одговор на новинарско прашање.

Градоначалникот Шилегов додаде дека станува збор за приватен имот, и затоа Градот нема право да троши јавни пари на таа локација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски