Шилегов и ја предаде должноста на Арсовска

Од:

Во просториите на Град Скопје, денеска се одржа примопредавањето на функцијата градоначалник каде досегашниот прв човек на градот Петре Шилегов и ја предаде должноста на новата градоначалничка Данела Арсовска. Изјава по настанот даде само Шилегов, кој истакна дека ја запознал Арсовска со основните работи битни.

– Јас очекувам дека бргу ќе се запознае со проблематиката во градот која е комплексна во многу сфери, меѓутоа екипата што остана овде е сериозно професионална и очекувам дека ќе и помогнат да има успешна работа, рече Шилегов.

Од тимот на Арсовска најавија дека во следните денови новата градоначалничка на Скопје ќе и се обрати на јавноста преку новинарите.

Шилегов, во својство на член на СДСМ, ги коментираше и последните политички случување со мнозинството во Собранието, при што рече дека она што се случувше во текот на викендот повеќе било замајување на јавноста, забава на јавноста и обид да се остане некако во политичка игра. Во текот на неделата како што посочи Шилегов, ќе се одржи седница на Извршниот одбор на партијата на која многу од работите ќе бидат разрешени.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања