(ВИДЕО) Шилегов: Груевски очигледно не живее во реалноста, преодна влада мора да има

Од:

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, ја коментираше денешната изјава на премиерот, Никола Груевски, во која тој порача дека решение на политичката криза не е преодна влада со министри по предлог на СДСМ затоа што, рече, партијата може да добие владини функции само ако ја добие довербата на граѓаните. Шилегов го прокоментира она што премиерот го нарече недемократски предлог од страна на СДСМ.

– Идејата на СДСМ е токму таа, на избори кои нема да ги организира Груевски туку преодна влада, да победи и да ја состави новата Влада на Република Македонија. Очигледно Груевски не живее во реалниот свет и не може да ја согледа големината на државната и политичката кризата. Преодна влада мора да има да се надмине политичкиот проблем, да се нормализираат институциите, и да бидат спроведени предвремени фер и демократски избори за надминување на кризата – рече тој.

Шилегов ги демантираше информациите за инциденти во „Кампот на Слободата“ додавајќи дека овие дезинформации се пуштени во јавност затоа што на премиерот му смета се што асоцира на слобода.

– Определени провладини, прогруевистички медиуми јавува за наводни конфликти во кампот на слободата, очигледно на Груевски му смета се што е слобода, па затоа го напаѓа кампот. Овие денови не доаѓа во зградата позади затоа што не може да помириса слобода – изјави Шилегов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ