Шилегов го претстави планот „Живот во Македонија“ во Теарце

Од:

Носителот на листата за пратеници од коалицијата предводена од СДСМ во Шестата изборна единица Петре Шилегов со дел од кандидатите за пратеници попладнево го посетија општинскиот центар Теарце. Тие се сретнаа со жителите на ова тетовско село, разговараа за проблемите и ја претставија програмата „Живот за Македонија“.

– Теарце во 21 век нема канализација и тука, во Полог, луѓето се соочуваат со основните животни потреби, а не се ставени во никаква реализација, изјави Шилегов, според кого навредливо е за жителите што ВМРО-ДПМНЕ и неговиот опонент во ИЕ 6 Влатко Ѓорчев по 11 години владеење сега да почнуваат да ги решаваат потребите на граѓаните.

Тој го посочи Теарце како општина со симбиоза за заедничко живеење и пример за општеството што сакаат да го изградат. Рече дека нудат план за живот за младите да останат овде и да работат.

– Ќе посетиме и дел од производствените погони тука, и ќе поразговараме со работниците за минималната плата што ја гарантира СДСМ во првите три месеци од владеењето и како ќе стасаме до минимална плата од 16 илајди денари и просечна плата од 30 илјади денари во Република Македонија, изјави Шилегов.

Со останатите кандидати за пратеници од СДСМ, тој вечерва ќе оствари и средби со жителите на Глоѓи.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември