Шилегов: Елката на плоштад ќе биде дигитализирана

Од:

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, синоќа давајќи отчет за сработеното најави дека оваа Нова година, елката на централниот плоштад во Скопје ќе биде дигитализирана. Новата елка, заедно со „Винтерленд“, градоначалникот ги наброја како дел од напорите Скопје да го направи поатрактивна регионална дестинација.

„Лани кога го промовиравме Винтерленд наидовме малку на скепса, но потоа излезе дека тоа е место што треба да се посети. Лани навистина немаше човек од Скопје, а можеби од Македонија кој што немаше фотографија под новогодишната елка. Оваа година ќе биде малку и дигитализирана елката, ама ќе ја видите. Ајде да не зборуваме и да не ги откриваме сите работи однапред“, рече Шилегов.

Додаде дека во изминатите две години се случиле убави концертни настани и оцени дека е подигнато нивото на културата во главниот град.

Од минатата година, просторот околу елката е организиран како дел за храна и пијалоци, а граѓаните имаат можност да се дружат и да уживаат во понудата на околните куќички во новогодишната населба.

Шилегов најави и дека е потврден е настап на Дино Мерлин за време на новогодишната ноќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски