Шилегов: Анализи и одлуки за промени на функционерите по инаугурацијата на претседателот

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши во коментар на најавите на премиерот Зоран Заев за разрешување на владини функционери поради незадоволство од нивната работа вели дека за кадрите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) од која што е тој дел, одлучува партијата и нејзиниот лидер Али Ахмети.

Предметот во Антикорупциската комисија во однос на вработувањето на неговата сестра во државна енергетска компанија, како што изјави денеска Бектеши, е веќе завршен, не е утврдено дека има непотизам и конфликт на интерси, туку само административна грешка што требало да се пријави како вработување.

– Што се однесува до реконструкцијата јас сум дел од Демократската унија за интеграција која е сериозна политичка партија која има свои органи и претседателство и лидер – Али Ахмети кој ќе одлучи за неговите кадри, изјави Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на натпреварот на ученички компании.

За мене, дополни тој, не е важно дали ќе бидам сменет или не, туку да се реализира програмата на ДУИ што е инкорпорирана во владина програма.

– Ако ДУИ одлучи дека треба да одам на друго место или да го отстапам каде ќе кажат таму ќе го дадам мојот придонес за доброто на партијата, но најмногу за доброто на државата, посочи Бектеши, посочувајќи дека анализа на неговото работење може да прави матичната партија.

Градоначалникот на Скопје и потпретседател на СДСМ Петре Шилегов, исто така во одговор на новинарско прашања за најавените смени рече дека по инаугурацијата на новиот претседател на државата ќе се направат анализи и ќе се донесат одлуки.

– Ќе седнеме во периодот што следува, да помине инаугурацијата на новоизбраниот претседател Стево Пендаровски и формално да бидат завршени изборите, ќе ги направиме сите потребни анализи, а потоа ќе бидат донесени сите соодветни политички одлуки, изјави Шилегов.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари