Шестмина со секири упаднале во куќа во Скопје, ја демолирале и го претепале семјството

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против шест лица и тоа пет мажи и една жена, за кривично дело насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Службата за односи со јавноста во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека постои основано сомнение оти лицата на возраст од 19 до 42 години, на 12 ноември, влегле во куќата на едно оштетено лице на улицата „Морава“ и во група извршиле грубо насилство.

– Со употреба на секири, ножеви, рачки од секири и други тврди предмети започнале да ја демолираат куќата, а на едно од присутните лица во домот му нанеле убодна рана со нож. Физички ги нападнале и другите присутни во домот, со тупаници, клоци и тврди предмети, нанесувајќи им телесни повреди и предизвикувајќи чувство на несигурност и страв, се наведува во соопштението.

За сите осомничени јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлози за определување мерка притвор.​​

Би можело да ве интересира

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

Струмичанец ја избодел сопругата, претходно се обидел да и стави непозната течност во уста

Повредена скопјанка на концерт во КИЦ, врз неа паднала решетка од вентилација

Во „киа“ стуткани 10 мигранити, фатен криумчар во Гевгелија

23-годишник сексуално злоставувал петгодишно девојче

Катерина Ѓуровски

Разбојништво во Скопје: го претепале за да му земат 8.800 денари