Шестмина повредени во судир на две ,,опел астри” во Прилепско

Од:

Шест лица, меѓу кои и шестгодишно дете се повредени во сообраќајна несреќа која што се случила вчера во 18.30 часот на патот село Крушеани-село Обршани, Прилепско.

Сообраќајната несреќа се случила меѓу „опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Ј.(37) од Прилеп и „опел астра“ управувано од Р.П.(39) од село Беранци, општина Могила.

Со тешки телесни повреди се здобил М.П.(64), сопатник од возилото „опел астра“, а двајцата возачи и двајца сопатници М.Т.(32) и шестгодишно дете од другото возило се здобиле со телесни повреди. Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската болница во Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он