Шестмина повредени во сообраќајка во Скопје

Од:

На 11.9.2022 во 4.35 часот било пријавено дека во Скопје нa ул.„Беласица“, пред крстосницата со бул.„Гоце Делчев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила „фолксваген пасат“, двете со скопски регистарски ознаки, едното управувано од Д.М.(37) од Скопје, а другото управувано од Н.Ѓ.(39) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во второто возило А.С.(48) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи како и сопатниците од двете возила С.В.С.(47), А.Д.(36) и С.Т.(24), сите од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски